ВМРО-ДПМНЕ: Решение на кризата се нови избори

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека единствено решение за излез од политичката криза во која СДСМ ја втурнала Република Македонија се нови предвремени парламентарни избори.
Од партијата додаваат дека навредите од албанскиот премиер Еди Рама не престануваат, а оти СДСМ и лидерот на партијата Зоран Заев молжат и не ги осудуваат. Тој, додават од ВМРО-ДПМНЕ, на албанска телевизија не навредува и Република Македонија ја прогласува за бинационална држава, а ги заборава и Србите и Турците и Ромите, Власите, Хрватите, Бошњаците и сите останати етнички групи кои го красат нашето мултиетничко општество.
- Според него населението што живее во Македонија е составено од Албанци и Македонци. тој е истиот Еди Рама кој не нарекува славомакедонци и кој ги собра лидерите на албанските партии од Република Македонија и ги обедини околу Тиранската Платформа. Злосторничкото здружение СДС и криминалецот Зоран Заев не само што молчат околу овие изјави, туку предавнички ја прифатија тиранската платформа и сите уцени кои им беа наметнати само за да дојдат на власт и да се спасат од затвор, се вели во денешното соопштение од СДСМ.
Во него се додава дека оваа партија не само што молчи, туку дека нејзините членови се обидуваат да спречат секаква дискусија околу штетните последици на тиранската платформа.
Тоа, според ВМРО-ДПМНЕ е кукавички чин и најдобар доказ за хистеријата што ги има фатено бидејќи не може да се испорачаат сите ветувања кои задираат во највисоките државни и национални интереси.
- Нема бегање од правдата. Народот се спротивстави на СДС и му докажа дека нема намера да се согласи со продажбата на националните интереси. Народот јасно му порача на СДС дека не гласал за туѓи платформи и нема да дозволи да си играат со државата.
Ново на Сител
-

Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина поради топлотниот бран
-

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор
-

Де ла Фуенте: Оваа Шпанија прима малку голови и знае како да постигне гол
-

Општина Касандра на Халкидики со известување и на македонски јазик дека ќе ги отстранува незаконските поставените предмети од плажите
-

Андоновски: Темелите се поставени, продолжуваме со дигитализацијата и унапредувањето на услугите
-

Иран ги осуди американските напади врз јужниот брег и го обвини Вашингтон за кршење на мировниот договор
-

Тошковски: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
-

СП 2026: Познати 22 од 32 учесника во плејофот
