ВМРО-ДПМНЕ: Предлог-законот за високо образование е недоследен и со низа пропусти

Денес на комисијата за образование го разгледуваме предлог законот за високо образование.
Општа забелешка е дека предлог-законот е недоследен, со низа пропусти во поглед на регулирањето на соодветната материја, кои не значат унапредување на образованието, бидејќи суштински оставаат недоречености и назадувања во одредени области.
Токму затоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ поднесе 17 амандмани за подобрување на законскиот текст, а сметаме дека со нивно прифаќање министерката ќе покаже демократски капацитет за слушање на решенија, кои значат подобрување, унапредување и развој на образованието во Република Македонија.
Амандманите кои ги предлага пратеничката група се во насока на зголемување на буџетот кој е предвиден за финансирање на универзитетите и самостојните високи стручни школи кој е клучен за развојот и унапредување на научната и образовната дејност. Исто така дополнително се предвидува амандманска интервенција во делот на финансирањето во предложениот закон кое не е до крај дефинирано, ниту во однос на Универзитетот, ниту во однос на коефициентот на платите на наставниот и соработничкиот кадар, што кога ќе се земат во предвид платите на универзитетските работници споредено со други далеку подобро платени позиции во нашето општество, ја прави сферата на високото образование неконкурентна и не привлечна за вработување на млади кадри. Со амандманите се предвидува покачување на примањата на оваа група универзитетски вработени, што е суштински придонес во нивната натамошна посветеност, мотивираност и работа и приближување нормално на нивниот стандард со стандардот на нивните колеги не само во регионот, туку и во Европа.
Значаен дел во кој се интервенира со амандманите е и демократизацијата во однос на правата на студентите, студентските избори, односно студентскиот парламент, бидејќи предложениот закон во голема мера е рестриктивен и ја ограничува автономијата и независноста на студентското организирање. Со амандманите се предлага и заштита на студентскиот стандард, особено на студентите кои доаѓаат од ранливите категории на граѓани, односно задржување на правото, кое сега се укинува со новиот закон, а со кое се овозможува намалување на партиципацијата на децата од еднородителски семејства, правото на редовен студент кој е запишан во приватна квота на јавните универзитети и плаќа 400 евра, по првата година од студии доколку постигне просек од 8,5, да може да се префрли во државна квота, а со тоа и да плаќа само 200 евра до крајот на своето студирање, доколку го задржи просекот, и секако правото на бесплатно школување за студенти со завршен просек од над 9 во претходната година. Со амандманите се интервенира и во сегментот на третманот на научните институти, особено што во овој дел се вклучени и јавните научни установи од национален карактер и им се овозможува задржување на самостојниот статус кој е основа за нивното унапредување и унапредувањето на нивната научна дејност.
Бидејќи овој закон се поднесува со европско знаменце и во скратена постапка очекуваме од владејачкото мнозинство да прифати конкретни предлози, односно овие амандмани кои ќе придонесат кон подобрување на текстот на самиот предлог закон, а со тоа да придонесе кон унапредување на нашиот образовен систем и негово доближување до европските стандарди.
Зекир Рамчиловиќ
ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

“Клексан” и три други антикоагуланти од 1 јули се на позитивната листа и достапни во аптеките
-

По 25 години - нов етички кодекс за новинарите
-

Нов етички кодекс за пратениците - ќе се стави ли крај на навредите во Собранието?
-

Нов доказ во случајот со оддавање службена тајна
-

Преговори за Изборниот законик
-

Нови лекови на позитивната листа
-

Почна пријавувањето на штетите од пожарот во Пробиштипско
-

Производителите на пченица бараат да запре увозот
