ВМРО-ДПМНЕ предлага зголемување на платите во јавниот сектор за пет отсто

Предлог-закон за зголемување на платите во јавниот сектор за пет отсто, поднесоа ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.
Предлогот, како што соопшти денеска Зекир Рамчиловиќ, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, е изготвен согласно реалните потреби на вработените во јавниот сектор, а предвидува зголемување на платите во јавниот сектор за пет отсто во 2018 година и дополнително зголемување од пет отсто во 2020 година.
- Со овој предлог-закон се предвидува зголемување на платите на вработените во државната и јавната администрација: здравство, образование, полиција, војска и јавни претпријатија. Ова решение е изборно ветување на ВМРО-ДПМНЕ и претставува реална потреба за вработените, истакна Рамчиловиќ.
ВМРО-ДПМНЕ изразува задоволство што овој закон помина на собраниската Комисија за труд и социјална политика каде доби поддршка и од пратеници кои не се дел од коалицијата.
- Тоа е позитивен момент кој не охрабрува дополнително дека овој закон може и секако би требало да биде усвоен од Собранието што би довело до крајната цел, зголемување на платите во јавниот сектор, посочи Рамчиловиќ и изрази надеж дека предложеното решение ќе наиде на поддршка кај сите политички партиии.
Според него, законот за зголемување на платите е реален и остварлив.
- Буџетот е во добра состојба, проекциите за идната година исто така говорат дека може да се обезбеди квантумот на средства за зголемување на платите и тоа би довело до поголем број позитивни ефекти, односно ќе се зголеми стандардот на семејствата, ќе се зголеми можноста за јавна потрошувачка што би имало позитивни влијанија и врз другите сектори, дополни Рамчиловиќ.
Ново на Сител
-

Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар
-

Гаши: Неопходен е компромис за Бадентер, Собранието мора да се деблокира
-

Австрија, Чешка и Словачка ја засилуваат поддршката за европска интеграција на Западен Балкан
-

Деветти смртен случај од западнонилска треска во Македонија, на Инфективна почина 66 годишен кумановец
-

Преглед на вестите од светот
-

21 септември - светски ден на Алцхајмеровата болест
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
