ВМРО-ДПМНЕ: Повторно цунами од заразени со Ковид, а Заев и Филипче си тераат одмор
Повторно цунами од заразени со Ковид, а Зоран Заев и Венко Филипче си тераа одмор.
Државата тоне се подлабоко со епидимијата, секој ден се зголемуваат бројките на заразени и починати од пандемијата.
Само последните 6 дена, откако Заев и Филипче се сликаа во Македонија, па се вратија на плажите кај нашиот јужен сосед, во Македонија имаме нови 3336 новозаразени и 30 починати граѓани. Македонија повторно на врвот на Ворлдометар по проценотот на заболени и починати од Ковид.
Ете толку ги чини граѓаните неодговорноста на власта.
Пред само неколку недели велеа дека ја победиле пандемијата, за денес да имаме дневно по над 650 ново заразени од Ковид 19 вирусот.
Наместо навремени и соодветни мерки за граѓаните, власта на СДСМ донесе дискриминирачки мерки со кои ќе бидат погодени не само здравствениот систем, туку и економијата во Македонија. Фашизоидни мерки кои најверојатно ги измислиле на плажите додека беа на одмор.
Одговорност за овој хаос со здравствениот систем многу брзо ќе има.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Раст на БДП од 3,5 отсто во 2026 година и 3,8 отсто во 2027, инфлацијата годинава ќе биде околу 4 проценти
-

На ГП „Блато“ за четири месеци минале 496.705 патници или 49 отсто повеќе од истиот период лани
-

ЕУ лани регистрирала 540 обиди за странско мешање, често поврзани со Русија и Кина
-

Теорија на заговор: Синот на Доналд Трамп е патник низ времето
-

Интерпол: Речиси 270 лица уапсени во глобална акција против нелегални лекови
-

Десет фактори што го намалуваат ризикот од деменција и мозочен удар
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема
