Македонија
19. October 2022 - 11:34

ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација на пратеничката на СДСМ Георгиевска за уставните судии

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе интерпелација на претседателката на Комисијата за избори и менувања пратеничката на СДСМ Марија Георгиевска поради предлогот за уставни судии без завршена работа на собраниското тело.

Според ВМРО-ДПМНЕ Георгиевска противуставно и противделовнички доставила предлози за двајца уставни судии и покрај тоа што дебатата по третиот предлог се уште трае.

Катерина Нешкова