ВМРО - ДПМНЕ: Непотизмот е модус операнди на СДСМ

Абедин Зимбери, без никакви квалификации да биде вработен во М-НАВ на трошок на граѓаните не е европска вредност, туку исплата на политички долгови од буџетот. Залудно Заев се обидува да ги манипулира граѓаните дека откажувањето од идентитетот е заради европските вредности кога сите се свесни дека поставување на човек со таква сомнителна биографија на специфична позиција не може ни да се замисли во која било земја во Европа.
Не е европска вредност вработувањето во М-НАВ и на Стојанче Ангелов кој не е покомпетентен од ниту еден млад човек кој ја очекувал шансата да ја гради кариерата во таа институција.
Именувањето на Валон Беља за економски директор на Клиниката за гинекологија не е, ниту некогаш може да стане европска вредност. Кадарот на Заев може да биде актер само во крими филм каде ќе остава пораки со куршуми во плик, а не може да биде експерт кој ќе придонесе во здравството. Заев се однесува како државата да е негова приватна фирма. СДСМ ја третира буџетската сметка, како своја трансакциска сметка за исплата на своите долгови кон партиските послушници. Државните претпријатија станаа место за вдомување на „најзаслужните“ кадри на СДСМ, а агенцијата за вработување, кадрова агенција на СДСМ.
Вујни, тетки, стрини, чичковци, татковци, братучеди, браќа и сестри, фризерки и пријатели сите луѓе блиски до Заев и високите функционери на СДСМ најдоа работа под државна капа, без потребното образование, без потребните квалификации само поради фактот што се од корист на криминалниот картел на власта.
Заев својот принцип на работење евро за евро го донесе на Илинденска бб. За само година и половина успеа да ја корумпира секоја пора на општеството во државата, па така академик Таки Фити за само неколку недели од најгласен противник на промена на Уставот со цел промена на уставното име, го поддржа капитулантскиот договор од Преспа, за потоа неговата ќерка, Нина Фити да биде испратена од страна на владата да работи во Светска банка во Вашингтон како претставник на Република Македонија.
Непотизмот е модус операнди на СДСМ. Да се потсетиме дека втор човек во АД за Стопанисување со станбено деловен простор е поставен Јон Фрчкоски, син на Љубомир Фрчкоски, а на државна сметка беа згрижени и синот на Мирослав Грчев, ќерката на Талат Џафери и сопругот на Магдалена Несторовска.
Ново на Сител
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
-

Приведен 67-годишник од Штип, пробал со сила да бакне 16-годишна девојка
