ВМРО-ДПМНЕ: Направивме многу отстапки, нема место за нови

Во досегашниот тек на преговорите ВМРО-ДПМНЕ направил многу отстапки за компромис и нема простор за нови, особено во делот на организација на Владата. Промена на министри и премиер е нешто што ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати. Односот на СДСМ, пак, бил неодговорен со желба преговорите да не успеат, заклучил на вчерашната редовна седница Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, разгледувајќи ја политичката состојба во државата.
- Во досегашниот тек на преговорите ВМРО-ДПМНЕ беше крајно конструктивна страна и направи многу отстапки во правец на изнаоѓање на компромисно решение за политичката состојба. ВМРО-ДПМНЕ во понатамошните разговори нема простор за нови отстапки, особено не во делот на организација на Владата за подготовка на наредните избори. Второ, односот на СДСМ во преговорите беше неодговорен и со јасна желба истите да не успеат заради најмалку две цели. Првата цел на СДСМ е да нема избори во април 2016 година бидејќи се свесни дека ги очекува тежок пораз. Втората цел на СДСМ е политичката криза да предизвика економска криза, што СДСМ го гледа како свој партиски интерес и надеж за успех, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Дополнително, се посочува во него, политичката штета од негативните извештаи од меѓународните организации, како и можното губење на препораката за започнување на преговори со ЕУ е на листата на цели на СДСМ.
- За ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо да учествува на преговори доколку и се додека СДСМ, со илегално стекнати и монтирани материјали на прес-конференции ја манипулира јавноста, истакнуваат од партијата.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го поздравува напорот на претставниците на меѓународната заедница и, како што се посочува во соопштението, уште еднаш потврдува дека стои и е подготвена за имплементација на договорот од 2 јуни, но нагласува дека нема намера да продолжи со отстапки на нелогичните барања на СДСМ.
Ново на Сител
-

МВР: Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило
-

Четири лица се лишени од слобода, седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Нападнат француски брод во Ормуската Теснина, има повредени
-

Рокас: Северна Македонија припаѓа на европското семејство и сме поблизу до таа цел отколку што мислиме, потребен е прагматизам и обединување
-

Божиновска: Денес отвораме нова фаза за македонската енергетика, Пазарот во тековниот ден е сигурносен вентил на нашиот систем
-

Царинска управа: Лишени од слобода три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина за криумчарење на медицински препарати
-

ЈО: Побарана подготвителна постапка за четири малолетнички за насилството врз 13-годишно девојче во Ѓорче Петров
-

Мицкоски: Владата постојано работи на унапредување на електроенергетскиот систем
