ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски консензус требаше да бара лани, кога народот, експертите и ВМРО-ДПМНЕ го предупредуваа

Ковачевски кога зборува за консензус треба да се присети дека консензус требаше да побара кога десетици илјади граѓани протестираа против условите кои ги прифати, но тој ги игнорираше.
За општи консензус Ковачевски требаше да размислува која граѓаните експертите и ВМРО-ДПМНЕ предупредуваа и нудеа рака за помош но тој арогатно ги одбиваше. Ковачевски, Османи и Маричиќ преговорите ги водеа во стилот “Јас, тате и бате“, а од другата страна Бугарија ја вклучи целиот свој дипломатски, институционален и експертски капацитет. И заради тврдоглавоста и кусогледоста на Ковачевски денес Македонија треба да менува Устав под Бугарски диктат и притоа нема никакви европски институционални гаранции дека Бугарија нема да поставува нови услови, нема да има промена на учебници и историски наративи, дека нема да има бесконечни преговори или однародување.
Ковачевски додека лежи на некоја плажа доволно е да ги погледне пораките на бугарските државници од Илинден и ќе види дека од Бугарија не само што се најавуваат нови барања, туку и дирекнто се негира македонскиот идентитет и историја. Ова Ковачевски го премолчи и не го осуди, што покажува дека се согласува со Радев и неговиот колега Денков.
Исто така веруваме дека Ковачевски знае да чита, па може да провери дека никој од европа не гарантира нови условувања од Бугарија кои го тангираат македонскиот идентитет.
Решението, сакал Ковачевски или не, се избори.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Николоски: Протестите не се решение, со билатерални договори го решаваме проблемот на превозниците
-

„Везилка“ и студентите на ФИНКИ веќе развиваат алатки базирани на вештачка интелигенција
-

Ставен во употреба новиот АТМ систем на меѓународниот аеродром Скопје
-

Пецаков: Ова лето застапеност на туристи кои ретко доаѓале во Охрид
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
