ВМРО-ДПМНЕ: Која е цената за опстанок на владата на Ковачевски - куќи во Тафталиџе за Таравари и кумот Меџити
Која е цената за опстанок на владата на Ковачевски - 2 куќи во Тафталиџе 2 за Таравари и кумот Меџити кандидат за министер за здравство?
Арбен Таравари во 2021 година пријавил дека купил куќа за 150.000 евра. Тоа не е спорно, ако не се види куќата и локацијата. Имено станува збор за куќа во елитната скопска населба Тафталиџе, од 260м2, каде квадратот за станбена површина оди од 1500 до 2000 евра. Кога ќе се направи едноставна математика куќата на Таравари чини и до половина милион евра.
Откако ќе се утврдат фактите дека куќата на Таравари вреди и до половина милион евра, се поставува прашањето кој има интерес и зошто да продаде куќа за 150.000 евра и со тоа да загуби 350.000 евра?
Веднаш спроти куќата на Таравари, куќа има неговиот кум Фатмир Меџити, предлог за министер за здравство.
Како Таравари и Меџити се стекнале со своите две куќи купени во последните година ипол и дали тие се дел од политички пазар? Дали преку политичка корупција Ковачевски и Груби го внесоа Таравари во влада?
ЈО да не биде посматрач на работите, туку да преземе иницијатива и да го истражи случајот со куќите во елитната скопска населба Тафталиџе на новите владини партнери Таравари и Меџити.
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
