ВМРО-ДПМНЕ Дебрца: Ногачески и СДС пропаднаа во сопствените лаги
Општинскиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Дебрца денеска реагираат дека кандидатот за градоначалник во таа општина од СДСМ, Зоран Ногачески пропаѓа во сопствените лаги.
-Зарем уште еднаш би сакал Ногачески и СДС да има лице да зборува за вистина и уште да обвинува, а притоа самите тие да пропаднат во сопствените лаги. Па за волја на вистината и како што секогаш сме се обраќале со факти и овај пат фактот кој е контра Ногачески е неизбежен. Прво би сакале да прашаме дали Ногачески има било каква дозвола за користење на дел од Зрадата во училиштето во с.Мешеишта?, се вели во реакцијата од ОИШ на ВМРО-ДПМНЕ во Дебрца.
-Дали во тие простории кои се општински Ногачески држи партиски состаноци? Дали има партиски обележја во истата? Како што и претходно кажавме, секогаш ќе зборуваме со факти и фотодокументција., па затоа да им олесниме на Ногачески и неговиот тим во оваа нивна лага и им презентираме на целата јавност од фотодукументација од узурпаираната општинска просторија, а сме во исчекување на приложување на било каков доказ за право на користење на истата од нивна страна, се вели во реакцијата.
Од ОИШ на ВМРО-ДПМНЕ од Дебрца велат дека на лагите на СДСМ и Ногачески не им веруваат ниту нивните поддржувачи.
-Општина Дебрца на 15 октомври ќе заокружи број 13, за уште една историска победа на ВМРО ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник Игор Трајкоски, се вели во реакцијата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
-

Трипуновски најави нова кампања - ќе одат директно кај земјоделците
-

Жените се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството

