ВМРО-ДПМНЕ бара Владата да го поддржи предлогот за зголемување на платите

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува министерот за финансии Драган Тевдовски, Владата и премиерот Зоран Заев, заедно со пратениците на СДСМ, да го поддржат предлогот за зголемување на платите во јавниот сектор за 5 проценти, што се однесува за војската, полицијата, вработените во здравството, во образованието и во јавните претпријатија на локално и државно ниво.
- Значи, бараме да се зголемат платите во Република Македонија за 5 проценти. Ветувањата на СДС со кои што дојде на власт за просечна плата од 30.000 денари подразбира секоја година, четири години по ред, платите да растат најмалку 10 проценти. А, тука, кога имаме конкретен прв предлог на закон за зголемување на платите од 5 проценти, тој предлог веднаш се одбива, изјави Владимир Ѓорчев пред Министерството за финансии.
Тој смета дека се уште не е доцна, бидејќи на Комисијата за труд и социјална политика е изгласано зголемувањето на платите. - Ги надгласавме и прегласавме пратениците од СДС. Сега тој предлог ќе дојде на пленарна седница. Ајде заеднички да го поддржиме зголемувањето на платите во јавниот сектор и да имаме подобрување на економската состојба во Македонија, јавната потрошувачка и едноставно подобар животен стандард за граѓаните, повика Ѓорчев.
Според него, во изминатите години владите на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски покажале и докажале дека платите и пензиите можат да растат. - Додека беше ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски и платите и пензиите редовно растеа, а сега секоја ваква иницијатива во старт е одбиена, истакна Ѓорче.
Ново на Сител
-

Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
-

Војната на Блискиот Исток влезе во 14 ден
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
