Влатко Стефановски на „Џојфест“ во Крива Паланка

На градскиот плоштад во Крива Паланка вечер во 20 часот ќе почне фестивалот „Џојфест“, на кој главна ѕвезда е Влатко Стефановски.
Александар Михајловски од организацискиот одбор на „Џојфест” ги покани љубителите на добра музика да присуствуваат на концертот.
– „Џојфест“ е културна детоксикација на граѓаните. Главна ѕвезда на вечерта ќе биде Влатко Стефановски со неговото трио, а ќе настапат Тони зен, Ки, Флека, Сајгон и Три оф ас, изјави Михајловски.
Директорот на Градскиот музеј, Драган Величковски, ги покани сите граѓани и туристи да присуствуваат на фестивалот со кој се заокружува летната музичка и културна понуда во градот.
Настанот е дел од „Кривопаланечко културно лето” кое општина Крива Паланка го организира во соработка со локалните институции од областа на културата, со поддршка на Министерството за култура.
Ново на Сител
-

Работник ги нападнал газдите со нож поради неисплатени дневници
-

Рубио: Иран моли за договор
-

Град Скопје: Нови 60 садници во Градскиот парк - ги санираме последиците од невремето
-

Утре пороен дожд, грмежи и ветер
-

Општина Струмица ги повикува граѓаните да ги пријават штетите од невремето за да се обезбеди соодветна поддршка
-

Вардар поразен на домашен терен од Рига
-

Со даночно затајување управител и правно лице го оштетиле Буџетот за 8.070.791 денари
-

Средба Лавров - Рубио на маргините на Самитот на АСЕАН во Манила
