Власта ја поднесе својата резолуција против мигрантите и лажните вести на опозицијата
Пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Вреди ја поднесоа резолуцијата за потврда на државните политики против нелегалната миграција, но како што велат и за осуда на манипулациите на опозицијата на оваа тема.
Документот пред пратениците уште утре ќе се најде на седница. Резолуцијата има 9 точки и во нејзиниот текст, како што велат од власта намерно не се користи терминот нелегални мигранти, кој вчера го проблематизираа од опозициската СДСМ.
Со резолуцијата се предвидува да се отфрлат и да се поништат сите аранжамни и одлуки од поранешната Влада на Заев поврзани со кампови за прием и нега на мигранти, но се наложува и дека во иднина надворешната политика не смее да биде на штета на безбедноста и стабилноста на државата.
Од СДСМ децидни пак, дека Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише нивната Резолуцијата.
Како доказ дека владата на Мицкоски планира мигранти од СДСМ наведуваат дека во буџетот од 2026 година е предвидено задолжување од 1,4 милјарди евра, кој најголем дел ќе биде од британскиот кредит.
Прашањето за мигрантите се очекува утре да биде тема и на опозициските пратенички прашања. Премиерот Мицкоски веќе најави дека очекува од обвинителството да преземе мерки поради паниката и стравот на граѓаните од лажните информации за доаѓањето на мигранти во државата.
На утрешената седница според најавите од собранискиот спикер Гаши ќе се најдат и измените на Кривичниот зкаоник со кои треба да се преиначи спорната одредба донесена од миантиот парламентарен состав за побрзо застарување на кривичните дела сторени од злоупотреба на службата.
-
Катерина Нешковa
Сите содржини од овој новинар
