Владата на Србија го усвои Предлог-буџет за 2018 година

Српската Влада денеска го усвои Предлог-законот за буџетот на Србија за 2018 година, со кој се планирани приходи во износ од 1.178 милијарди динари (9,87 милијарди евра) и расходи од 1.207 милијарди динари (10,11 милијарди евра).
Каком што соопшти српското Министерство за финансии, планираниот фискален дефицит за следната година изнесува 0,6 проценти од БДП, или 28,4 милијарди динари (240 милини евра), што е за 40,7 милијарди динари (340 милиони евра) помалку од планираниот буџетски дефицит за 2017 година.
Буџетот за следната година е планиран врз основа на предвидувањата дека реалниот раст на БДП ќе изнесува 3,5 отсто и индекс на потрошувачките цени во трговијата на мало од 2,7 отсто.
- Оваа проекција за растот на БДП, меѓу другото, заснована е врз основа на елементот за подигање на агрегатната побарувачка преку зголемување на платите и пензиите и на развојната ориентација на буџетот заснована на голем раст на инвестициите, се наведува во соопштението.
Главните цели на буџетот за следната година се фокусирани на одржување на макроекономската стабилност и продолжување на имплементацијата на мерките за фискална консолидација, како и натамошно намалување на јавниот долг во однос на БДП започнато во 2016 година.
Фокусот ќе биде ставен на зајакнување на стабилноста и отпорноста на финансискиот сектор, отстранување на пречките за економски раст и зголемување на конкурентноста преку спроведувањето на сеопфатни структурни реформи, продолжување на реформата на јавните претпријатија, како и зголемување на вкупната ефикасност на јавниот сектор.
Ново на Сител
-

Експерти: Силните ветришта во Скопје не се вообичаени, но нема да бидат изолиран случај
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен амбасадор
-

Скопје ден по невремето со ветер со јачина на ураган
-

Урагански ветар пустошеше по Истокот
-

Епидемијата во Гостивар стивнува велат од здравство, цистерни вода ќе се носат од други градови
-

Брисел ни ги достави задачите што треба да ги исполниме до декември
-

Ганди доби биста во Музејот на Град Скопје
-

Просечната плата се доближува до 50 илјади денари: Кои работници се најплатени?
