Владата на Авганистан за три месеци загубила два проценти од територијата контролирана од неа

Авганистанската Влада во периодот јуни-август загубила контрола или влијание врз два отсто од територијата на Авганистан што беше под нејзина власт, се наведува во американски владин извештај.
Специјализираната главна инспекција за обновување на Авганистан во својот извештај нагласува дека територијата што се наоѓа под контрола или влијание на авганистанската Влада е намалена од 65,6 отсто кон крајот на мај на 63,4 проценти кон крајот на август.
Оценката е дадена врз основа на податоци, доставени од американските сили во Авганистан.
- Сметаме дека Авганистанците имаат контрола или влијание врз 68 до 70 проценти од населението, изјави во септември генерал Џон Николсон, под чија команда се силите на САД и НАТО во Авганистан.
Според извештајот, околу една третина од Авганистан е или под контрола на бунтовниците или постои опасност да падне во нивни раце.
Документот ја потенцира опасната ситуација со безбедноста во земјата и ги содржи предизвиците, кои доаѓаат од талибанците и другите вооружени групации.
Над 5.500 авганистански војници се убиени од почетокот на годината, а ранети се 9.665, се додава во извештајот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Гордан Јорданов, Обединета македонска дијаспора
-

Интензивни преговори за владината реконструкција - конечна одлука во вторник
-

Сејф сити не ги санкционира возачите кои имаат возила со странски таблички
-

Сезонски работник од Бангладеш хоспитализиран на инфективна со денга вирус
-

Државата прогласува кризна состојба поради пожарите - се воведуваат ригорозни забрани и надзор со дронови
-

„Везилка“ ќе ги даде првите резултати уште ова лето
-

На македонските откупувачи не им требала домашната пченица - што ќе се случува со годинешната реколта?
-

Неопходно е посебно тело да управува со езерото
