Владата ќе расправа за користење на ЕУ фондовите и приоритетите за НАТО

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи 41. седница на која ќе расправа за користењето и имплементацијата на фондовите од ЕУ, како и за статус на реализација на приоритетите на РМ за влез во НАТО.
На дневен ред е и информација за изградба на заедничка железничка станица на Република Македонија и Република Србија во населено место Табановце, за период 1 јануари до 30 јуни 2017 година, информации во врска со реализација на договори за концесија за користење на вода за изградба на мали хидроелектрични централи, информација во врска со поднесеното барање на ТХОР ИМПЕКС ДООЕЛ, Скопје за издавање на овластување за изградба на Ветерна Електрана Богословец, со Предлог-одлука.
Владата ќе расправа и по информацијата на Управата за јавни приходи за состојба и можностите за наплата на даночен долг кај ЈП Македонија пат ЈПЦО Скопје, како и Предлог уредба за изменување на Уредбата за спроведување на Царинскиот закон.
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
-

Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
-

Судење за „Пулс“
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
