Владата ја усвои Информацијата за исплата на плати во јавниот сектор
Владината прес-служба вечерва соопшти дека на денешната 35. владина седница, што се одржала онлајн, е усвоена информацијата за исплата на плати во јавниот сектор.
Во соопштението се наведува дека Владата ги задолжила сите органи на државната управа и донела заклучок да им се укаже на сите институции кои не се органи на државната управа, да постапат согласно постоечките законски решенија за пресметка на плата и да ја исплатат во законски утврдениот рок.
– Во образложението во врска со ова прашање се истакнува дека според Законот за минимална плата, право на минимална плата имаат сите работници, во висина утврдена согласно со овој Закон, а законската рамка за усогласување на минималната плата со платата на вработените во државната управа е утврдена во текстот на Предлог-Законот за изменување на Законот за административни службеници, кој се очекува да биде донесен од страна на Собранието на Република Северна Македонија во текот на месец април, велат од Владата.
Во Законот е содржана преодна одредба според која одредбите кои се однесуваат на промената на системот на плати за сите административни службеници ќе отпочнат да се применуваат со исплатата на мартовската плата во април годинава.
– По влегувањето во сила на Законот ќе се изврши корекција на платите, односно правото за усогласување со Законот за минимална плата ќе се оствари и за платата за месец март, појаснуваат од Владата.
Ново на Сител
-

Од патарина за пет месеци инкасирани над 31 милиони евра
-

Поради украинските напади врз рафинериите, Русија принудена да увезува горива
-

Во Грција досега регистрирани 157 случаи на вирусот Западен Нил, починаа 13 лица
-

Кривичнa за четири лица од Прилеп, го оштетиле буџетот на Тутунски комбинат Прилеп за над 3,3 милиони денари
-

Водата во Северното Море со рекордно висока температура од 21,5 степени
-

Активни пожарите во Мариовско и општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила
-

Шпанија ќе премести околу 500 малолетници од Сеута во континенталниот дел на земјата
-

Принцот Хари и неговата сопруга Меган се враќаат во Велика Британија
