Влада: Зголемувањето на платите продолжува

Почитувани,
Во последните шест месеци Владата ги зголеми платите на вработените во здравството, образованието и безбедноста.
Просветните работници и сите вработени во образованието добија покачување од 12 проценти. Првото покачување од 5 проценти го добија со септемвриската плата исплатена во октомври минатата година. А второто покачување од 7 проценти го добија со мартовската плата, исплатена во април.
Со ова го враќаме изгубеното достоинство на просветните работници кои ги создаваат идните генерации во државата.
Здравствените работници, медицинските сестри, техничари и административен персонал за шест месеци добија покачување на платите од 15 проценти. Додека пак, матичните лекари и гинеколози добија покачување на капитациониот бод од 33 проценти, а стоматолозите на 22 проценти.
Службените лица во МВР кој се грижат за безбедноста и сигурноста на граѓаните и државата добија покачување на платите од 10 проценти. За ова зголемување на платите на 12.000 полицајци од буџетот се обезбедени 800 милиони денари.
Владата се грижи за сите граѓани. Зголемувањето на платите продолжува, до крајот на мандатот во здравството и образованието предвидено е да се зголемат за 46, односно 50 проценти.
Ова е резултат на домаќински структуриран и осмислен буџет и на доброто работење на Владата.
Продолжуваме да работиме во интерес на сите граѓани.
Влада на Република Северна Македонија
Фото: Влада на Република Северна Македонија
Ново на Сител
-

Народната банка со нови прогнози за инфлацијата, можно зголемување на каматите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Елена Јованова - Грујовска, директорка на Институтот „Крсте Мисирков“
-

Прва пресуда за „Пулс“: Тројца полицајци добија условни казни затвор
-

10 месеци затвор за вработената во Земјоделие која призна вина за злоупотреби со ИПАРД
-

Кривични пријави за родителите на насилничките од Ѓорче Петров - уште еден инцидент меѓу малолетници во градскиот парк
-

Притвор и кривична за обезбедувачот на премиерот Мицкоски кој физички ја нападна сопругата
-

Град Скопје бара да се пломбира фирмата во Визбегово каде вчера се запали машината за железо
