Влада: Остварена два и пол пати поголема заштеда за разлика од претходната влада
Владата на Република Македонија соопшти дека покажува пример за отчетно работење посветено на потребите на граѓаните.
- Додека во минатото граѓаните прашуваа на што се трошат нивните пари, а власта молчеше, денес, институциите самостојно објавуваат за какви цели се користат буџетските средства. Наместо тајни и високи сметки за непродуктивни трошоци, денес во јавните извештаи стојат информации од бифеата во институциите, за искористени кафиња, чаеви и води за работни состаноци со членови на комисии, работни групи, граѓани, претставници на синдикати, компании, здруженија, меѓународни организации, амбасади..., стои во соопштението.
Во дел од министерствата, се посочува, сите вакви трошоци се одобрени и потпишани од министрите, пријавени во извештаите за отчетност, а се користени од голем број административни службеници и граѓани исклучиво за потребите на работните состаноци за реализација на програмата на Владата.
- Ова е причината зошто кај некои носители на јавни функции трошоците за угостителски услуги се повисоки во однос на останатите. Со потписот на дел од министрите, одобрувани се трошоците направени во бифеата на сите раководители во институцијата, а вкупниот износ е претставен во Алатката за отчетност, во ставката угостителски услуги, како службен трошок на функционерот, наведуваат од Владата.
Министрите, замениците министри, државните секретари, генералниот секретар и премиерот во сегашната Владата на РМ во првите шест месеци, како што се истакнува, реализирале речиси три пати помалку трошоци во надворешни угостителски објекти (1.008.057 денари), во споредба со функционерите на претходната власт (2.858.244 денари).
- Двојно помалку се направени трошоци во угостителски објекти во странство (733.552 денари во првите шест месеци од Владата во 2014 година, наспроти 345.989 во првите шест месеци од Владата во 2017 година). Во тековниов период, на иницијатива на министерствата и Владата се прават дополнителни заштеди на трошоците во бифеата, имајќи предвид дека Службата за општи и заеднички работи склучи договори со два нови оператори кои обезбедуваат пониски цени за пијалоците, во споредба со наследените договори од претходната власт, стои во соопштението.
Владата, посочуваат оттаму, се фокусира целосно на насочување на парите кон граѓаните и воведува нова политичка пракса каде отчетноста, рационалноста и продуктивноста се на прво место.
- Ваквиот принцип на раководење со институциите води кон намалување на трошоците коишто се прават за службени потреби во рамки на активностите на институциите. Рационалноста и отчетноста се главната причина зошто министрите, замениците-министри и државните секретари од оваа Влада имаат потрошено речиси два и пол пати помалку буџетски средства за службени цели, во споредба со функционерите од Владата во 2014 година, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Собранието избира министер без ресор, Мицкоски порача дека институциите се отворени за сите со знаење и подготвеност за одговорност
-

УХМР: За викендот стабилно време, во понеделник повторно дожд
-

Муцунски: Охрид нема да биде ставен на листата на културни наследства во опасност, ова е значаен дипломатски успех на државата
-

Пијан и без возачка дозвола излетал од пат кај Кочани, едно лице тешко повредено
-

Поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, ќе се брани од слобода, прифатена гаранција од над 1,15 милион евра
-

Охрид го задржа статусот на светско културно наследство, УНЕСКО даде нов рок за спроведување на препораките
-

Зошто младите луѓе низ целиот свет имаат тешкотии да ја добијат својата прва плата?
-

Вашингтон воведува нови царински маржи за 60 држави, реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд
