Вклучена струјата во сите училишта во општина Битола

Градоначалникот на Битола Наташа Петровска денеска изјави дека општината постигнала договор со ЕВН Македонија, исплатен е дел од долгот за неплатена струја и струјата е вклучена во сите основни и средни училишта во градот.
Петровска потврди дека најголем дел од долгот е исплатен, додека останатиот дел со соодветна динамика ќе биде надоместен кон ЕВН.
- Наследивме училишта со вкупен долг од над 4,5 милиони евра, 10 училишта беа со блокирани сметки почнувајќи од 2012 година до денес и притоа од вкупниот финансиски долг на училиштата, над 8 милиони денари беа долг за неплатена електрична енергија. Ние, со големи напори, во изминатиов период успеавме да ги одблокираме сите училишта, а потоа во најголем дел од заостанатиот долг за неплатена струја да го подмириме со што ЕВН како општествено одговорна компанија одлучи да пушти струја во училиштата, изјави Петровска.
Општина Битола деновиве и до понеделник ќе ги обележи сите пешачки премини кои се наоѓаат во непосредна близина на училиштата, со што новата учебна година ќе почне со звукот на училишното ѕвонче и со безбедни приоди кон сите училишта, беше нагласено на денешната средба со новинарите.
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Катерина Мирчевска
-

Трамп и Нетанјаху договорија состанок „во блиска иднина“
-

Министерот Ристовски ја пречека Ѓорческа по историскиот настап на Вимблдон
-

Кривична против осум инспектори поради несовесно работење со дискотеката „Пулс“
-

Пожарот кај Пробиштип сè уште активен, сите сили насочени кон Ратавица
-

Мерц возврати откако Трамп ги нарече „смешни“ одбранбените буџети на НАТО
-

МВР: Кривична пријава против три лица од Скопје за „насилство врз дете“ за нападот врз 14-годишник
-

Со возило ја урнал портата од домот на родителите на сопругата, скршил прозорец, па ја нападнал
