Високи службеници на ОН обвинети за корупција

Федералниот суд во Менхетен синоќа покрена официјални обвиненија за корупција против петмина високи службеници на ОН, јави ТАСС.
Меѓу обвинетите за учество во коруптивна мрежа е и поранешниот претседавач на Генералното собрание на ОН и постојан амбасадор на карипската држава Антигва и Барбуда во Светската организација, Џон Еш,
Еш, кој претседаваше со Генералмнот собрание на ОН во 2013 и 2014 година, беше приведен на 6 октомври во неговиот дом во Њујорк.
Според Судот, 61-годишниот Еш се товари дека примил над 500.000 долари мито од кинескиот предприемач Нглап Сан, со цел да му „излобира“ поддршка од ОН при изборот на најповолен изведувач за изградба на Конференциски центар на Светската организација во кинескиот автономен регион Макао.
Судот тврди дека Еш ги примил овие пари кон крајот на август минатата година, кога учествувал на една конференција во Кина.
Против Нглап на 6 октомври беа покренати обвиненија за давање поткуп и посредување при поткуп, но се очекува дополнително да биде обвинет и за перење пари. Со истите обвиненија може да се соочи и неговиот помошник Џеф Ин.
Според американскиот Суд, сите овие незаконски договори и трансакции биле вршени во периодот од 2011 до 2014 година.
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
