Високи казни за маркетите кои ги билдаат цените, најави премиерот
Првата казна за маркетите беше предупредувачка – ако продлжат неосновано да ги качуваат цените – ќе се оди чекор понатаму. Премиерот Мицскоски не сакаше да открие што ќе превземат, но вели дека имаат лоцирано кои трговци се договараат меѓусебе да ги зголемат цените и какви скриени макретинг услуги наплаќаат.
Затоа ги повика дистибутерите да кажат кој им бара дополнително пари. На тој начин ќе им помоганат на граѓаните да не плаќаат превисоки цени.
-До овој момнет имаме само индиции, никој не сака да посведоци. Затоа ги повикувам, дајте помогнете, да им помогнеме на граѓаните
Државниот пазарен инспекторат и Комисијата за заштита на конкуренцијата повторно ќе излезат на терен – да проверат зошто цените на храната во светот паѓаат, како што објави ФАО, а кај нас растат. Вчера државната статистика регистрира инфлација во ноември од 4 отсто и благо, з а половина процентен поен зголемување на индексот на трошоци за живото, во однос на претходниот месец.
-Базичната инфлација е малку повисока, се должи во делот на овоишјети и ние тоа го анализираме, додаде премиерот.
Инаку, според статистиката, за една година најмногу поскапело овошјето, за речиси 18 отсто, месото, мастите и маслата над 7, млекото, сирењето и јајцата за 4,5 %.
Единствено намалување на цената има кај зеленчукот.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
