Вишка: Училиштата не треба да носат имиња на членови на УЧK

Познатиот македонски глумец од албанска националност, кој воедно ја извршува функцијата директор на Гостиварскиот театар, реагира за последниот потег на министерството за Образование за преименување на две училишта во скопската населба Чаир.
Тој, преку статус на социјлната мрежа Фејсбук, напиша дека е против новите имиња на училиштата кои се преименувано во „Имри Елези“ и “Исмаил Кемали“, за што смета дека училиштата треба да носат имиња на научници, просветители, писатели а не имиња на политичари и маченици, односо членови на УЧК кои загинале за време на воениот конфлик во 2001 година.
“Знам дека зборувам со луѓе од минатиот век, но … училиштата треба да носат имиња на научници, наставници, писатели и поети… има многу објекти, паркови и улици и сл., кои би биле почестени со имињата на политичарите и маченици.
Малку повеќе почит за интелигенцијата и … логиката. Да. Логиката.“, стои на Фејсбук статусот на Вишка.

Ново на Сител
-

Сиљановска: Не очекувам да се нарушат односите со Бугарија
-

Јотова загрижена за бугарскиот амандман за извештајот за Македонија - почна дебатата во ЕП
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Приведен 44 годишeн скопјанец за палењето на возилата на бугарската амбасада
-

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 21 милион евра ќе отвори речиси 500 работни места
-

Од денеска нема мерки за горивата, Пазарната инспекција подготвува нов извештај за цените во маркетите
-

Се затега монетарната политика, ќе поскапат кредитите
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското езеро
