„Виолин фест“ во Музеј на Град Скопје

Во Музеј на Град Скопје вечер ќе се одржи четвртото издание на фестивалот „Виолин фест“ на кој ќе учествуваат ученици од музичките училишта од Скопје, Битола, Штип, Кочани, Охрид, Прилеп, како и студенти од Факултетот за музичка уметност.
Организатор е виолинистот и концерт-мајстор на Македонската филхармонија Владимир Костов, во соработка со Музичката младина на Македонија.
- Идејата да се одржи ваков фестивал кој треба да прерасне во традиционалене желбата да се презентираат на едно место младите виолинисти од цела Македонија, без разлика на нивната возраст, вели Костов кој ги обединува успесите на учениците, нивните достигнувања, капацитетот, квалитетот и талентот, претставувајќи го притоа и развојот на педагошката дејност во Македонија.
„Виолин фест“ се реализира со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, а ќе се одржи и на 14 јуни во Охрид, во Големата сала на Општината.
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Гевгелија, најмалку во Охрид
-

Песков: Божиќното обраќање на Зеленски беше нецивилизирано и полно горчина
-

Општина Аеродром: Интензивни контроли и мерења за прекумерната бучава
-

Од водите на Вардар извлечено тело на машко лице
-

Предлог-измените за пролонгирање на рокот за ДДВ за стан го поминаа собранискиот филтер
-

Државниот врв со честитка до верниците што денеска го прославуваат Божиќ
-

Снег во Пехчево и Берово, магла на Стража, Ѓавато и Крушево
-

Тејлор Свифт празнично донираше барем два милиона долари во добротворни цели
