Виничанец заврши во државен карантин
Возрасен виничаец заврши во државен карантин, тој е и првиот случај во оваа општина, кој не ги почитувал строгите мерки за изолација во домашни услови. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека вчера од страна на полициски службеници од Полициската станица Виница, а врз основа на Решение со мерка карантин во времетраење од 14 дена, бил спроведен 61-годишниот И.М.од неговиот дом во Виница до објект определен од Владата на Република Македонија хотел во Скопје, поради непочитување на мерката строга изолација во домашни услови.
Вкупно десет жители на источниот регион имаат завршено до државен карантин, поради непочитувањето на мерките, од кои четворица се од Кочанско, тројца од Штипскиот, двајца жители од Светиниколскиот регион и од вчера жител на Виница. Овие лица покрај тоа што завршуваат во државен карантин заразботуваат и кривични пријави по член 206 за непостапување по здравствените прописи за време на пандемија. Полицијата ги доставува до обвинителствата, а обвинителите им ја одредуваат висината на паричната казна.
Ново на Сител
-

Унијата ќе воведе радикални мерки за штедење
-

Сејф сити: Зголемен бројот на прекршоци во март во споредба со февруари
-

Објавен оглас за прием на нови 300 професионални војници - армијата го одбележа денот на Првата пешадиска бригада
-

Ахмети: Секој што ќе го допре албанскиот јазик ќе добие одговор
-

Стартува изградбата на далекуводот Битола - Елбасан
-

Иднината на работата во ерата на вештачката интелегенција
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за самоубиството во Карпош
