Виенски бал на 11 март во Скопје

Во организација на Здружението за културна соработка „Јохан Штраус“ и под покровителство на амбасадата на Австрија во Македонија, на 11 март во хотелот „Александар Палас“ во Скопје ќе се одржи 18. Виенски бал.
На традиционалната културно-музичка манифестација ќе настапи оркестарот „Јохан Штраус“ под диригенство на маестро Емин Џијан. Танчери на танцовиот клуб „Прима Данца“ ќе ја забавуваат публиката со атрактивни танцови точки. Посетителите ќе танцуваат на познатите поп-хитови и евергрини за време на настапот на Џон Илија Апелгрен, Дејан Бобиќ – Дексо, Калина Велковска, „Свингерси бенд“ и „Џез Биг Бенд – ЗЏМ“.
Виенскиот бал има хуманитарен карактер и дел од средствата што ќе се соберат ќе бидат донирани на Здружението на граѓани за третман на лицата со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: БРТ ќе почне да се гради идната година, до крајот на мандатот ќе биде функционален
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Бајрами со лисици во Кривичен – не чувствува вина за случајот „Лотарија“
-

Нов случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров
-

СДСМ го обвинува Мицкоски за изолација, Владата бара предвидливост на процесот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите кои сега се соработници на криминалот и корупцијата
-

Левица против скратување на боледувањата
