-->
-->
„Види ја ти неа“ влезе во официјалната програма на фестивалот „Санденс“
-->

Kратометражниот игран филм „Види ја ти неа“, на режисерот Горан Столевски, кој ја освои Наградата „Мала Камера 300“ на годинешното издание на ИФФК „Браќа Манаки“, влезе во официјалната селекција на краток филм на 34. Филмски Фестивал во Санденс.
Фестивалот ќе се одржи од 18. до 28. јануари 2018 година во Парк Сити, Јута, САД, а е во организација на Санденс институтот, основан од актерот Роберт Редфорд.
Во Интернационалниот натпревар за краток филм, ќе бидат прикажани 17 филмови од целиот свет, меѓу кои и „Види ја ти неа.“
„Види ја ти неа„ е приказна за младата девојка Анета, која се обидува да ги реши проблемите во семејството и училиштето вклучувајќи се во еден исклучиво машки верски ритуал, скокање по крстот за Водици.
Горан Столевски е млад режисер роден во Македонија, а има дипломирано на Универзитетот во Мелбурн а дипломирал филмска и телевизиска режија на Викторијанскиот колеџ за уметности во Мелбурн. Живее и работи на релација Австралија-Велика Британија.
Улогите во филмот ги толкуваат Сара Климоска, Пируника Киселички, Жарко Јовановиќ, Антонија Белазелкоска, Иво Антов, Виктор Арсов, Игор Ангелов, Симон Манасковски, Изабела Новотни, Милица Стојанова и Горан Илиќ.
Горан Столевски се потпишува и како сценарист на филмот, кинематографер е Наум Доксевски, сценограф Влатко Чачоровски, костимограф Жаклина Крстевска, тонец Братислав Зафировски, а шминката е на Наталија Кајевска. Продуценти на филмот се Димитар Минов, Кристијан Буровски и Томи Салковски.
Филмот е во продукција на Црна мачка продукција, копродукција со Скопје Филм Студио, а финансиски подржан од Агенцијата за филм на РМ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Неизвесно е дали хантавирусот на крузерот мутирал
-

Силно невреме го зафати регионот: Град во Србија, хаос во Загреб и прекин на сообраќајот во БиХ
-

Стефан Мелник освои сребрен медал на Светското првенство за слабовиди и слепи шахисти
-

ОЈО ГОКК ја затвори истрагата за снабдувањето со мазут за ТЕЦ Неготино, нема основано сомнение за кривични дела во предметот
-

Почнува јубилејниот 70. Евросонг
-

Татко го пронашол починато своето бебе во семејниот дом
-

Пад од 47 проценти на закупот кај становите, 12 проценти раст кај деловните простори
-

Леброн за неговата иднина: Немам што да докажам, сè сум направил, сè сум видел
