Вештачките засладувачи ги оштетуваат забите

Вештачките засладувачи во колачите и пијалоците ќе ви помогнат да останете витки, но тие намирници и пијалоци не се добри за здравјето на забите, тврдат австралиски научници.
Добра страна на колачите и пијалаците со вештачки засладувачи е тоа што со нивно конзумирање во организмот не се внесува непотребен и штетен вишок на шеќери, а лоша е дека спротивно на претпоставките, можат да ги оштетат забите и нивниот сјај, вели др. Ерик Рејнолдс, директор на истражувањето за нивното влијание на здравјето на забите.
Тој предупредува и дека не можеме целосно да веруваме на декларациите на етикетите со податоци за прехранбените вредности на намирниците и пијалоците.
Студијата која Рејнолдс ја спроведе со колегите од Центарот за истражување на оралното здравје во Универзитетот во Мелбурн, тестирајќи разни безалкохолни пијалоци, енергетски напитоци наменети за спортистите и колачи со вештачки засладувачи, покажало дека и нивната конзумација може да ги оштети забите.
Вештачките засладувачи општо ја намалуваат опасноста од настанок на кариес, но и производите без природни засладувачи штетат на забите поради висока количина на киселини кои го нагризуваат површинскиот слој на забите и во потешки ситуации доведуваат до омекнување на забот и забната пулпа.
Додека ph вредностите укажуваат на тоа кои производи се кисели, а се работи за безалкохолните пијалоци, енергетските напитоци, овошните сокови и виното, некои видови на прехранбени производи содржат хемиски соединенија кои се нарекуваат келатори, а во таа група спаѓаат и цитратите. Келаторите ги поврзуваат другите хемиски соединенија за калциумот, резултирајќи посебно со ерозивна комбинација која од забите го извлекува калциумот.
На здрави извадени катници од човек тестирајќи 15 безалкохолни пијалоци меѓу кои 3 вештачки засладени и 8 енергетски напитоци наменети за спортистите, австралиските научници забележале настанување на оштетувања на површината на забите. Сличен ефект на забите имале и колачите, посебно тие со вкус на лимон и портокал, поради содржаната лимонска киселина.
За да се намали можноста за ерозија на забите и појава на кариес научниците препорачуваат конзумирање на флуорирана вода од чешма со оглед на тоа дека водата пакувана во шишиња не содржи флуорид. Втора добра опција е млекото.
Стоматолозите препорачуваат забите да не се четкаат непосредно по јадење или конзумирање на кисела храна, бидејќи на тој начин се оштетува мекиот слој на површината на забот. Наместо тоа, усната шуплина треба да се испере со обична вода и по еден час да се измијат забите со четка и забна паста.
Ново на Сител
-

Курти гаѓан со јајца – хаос во Собранието на Косово
-

Внимавајте: МВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата викендов | ВИДЕО
-

СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор
-

Ангелов: Активни се два пожара на отворен простор, состојбата со водата во Гостивар се подобрува
-

Левица: 25 години Карпалак - 25 години без правда за бранителите
-

Мисајловски за 25-годишнината од загинувањето на бранителите кај Карпалак: Нивната верба во татковината е наша водилка да продолжиме да ги чуваме националните интереси
-

Земјава повторно на грчката листата на држави со привилегиран даночен режим
-

Снимките открија трет учесник во сообраќајката кај Радишани – избегал од местото, па бил приведен
