Верстапен трета година по ред победи во Јапонија

Макс Верстапен е победник на трката за Големата награда на Јапонија. На патеката Сузука, Холанѓамецот победи пред тимскиот колега Серхио Перез и победникот од минатата трка во Австралија, Карлос Саинц од Ферари.
Трикратниот светски шампион трета година по ред славеше во Јапонија и со тоа ја забележа 57-та победа во кариерата. Со третата победа во првите четири трки оваа сезона Верстапен е лидер во генералниот пласман.
Најблиску до бранителот на титулата беше неговиот тимски колега Серхио Перез, додека возачот на Ферари, Карлос Саинц Јуниор беше на третото скалило на подиумот. На овој начин, Шпанецот стигна до подиумот и на третата трка сезонава. Саинц во Саудиска Арабија не возеше поради операцијата на слепото црево.
Во битката за победа на легендарната патека немаше возбуда, бидејќи Верстапен водеше од почетокот до крајот, исклучок се неколкуте кругови кога беше во боксот. Ривалите на Ред Бул се обидоа да го предизвикаат Перез со различни стратегии при одењето во бокс, но всушност Мексиканецот на крајот беше недопирлив за сите освен за неговиот тимски колега.
Најлоша стратегија имаше Мекларен. Раните заминувања во боксот им ја уништија трката на Ландо Норис, кој стартуваше од третото место и Оскар Пјастри.
На крајот Норис заврши на петтата, а Пјастри на осмата позиција.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
