Венецуелската опозиција добитник на наградата „Сахаров“

Европскиот Парламент денеска соопшти дека наградата „Сахаров“ за оваа година и ја доделува на венецуелската опозиција.
Наградата, која се доделува секоја година на личност или организација што се истакнала во одбраната и промовирањето на слободата на мислата, е именувана во чест на рускиот дисидент Андреј Сахаров.
- Со доделувањето на оваа награда ја поддржуваме борбата на демократските сили за демократска Венецуела, изјави европратеникот Ги Ферховштад.
Носители на наградата се Националното собрание на Венецуела, во кое мнозинството го има опозицијата, како и сите политички затвореници во земјата.
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро спорведе избори за Уставотворно собрание, кои опозицијата ги бојкотираше, по што го распушти Националното собрание.
Ново на Сител
-

Ножот се скршил, зел ножици па откако и тие се свиткале зел друг нож, детали за убиството во Богданци
-

Двајца браќа пензионери измамени од тетовец за 15.000 евра
-

Никој не ги покани во Србија, не сакам да ги видам - Вучиќ за посетата на делегација на ЕП
-

МНРиНТ: Македонските граѓани, кои се во Иран, да ја напуштат земјата и да се одложат сите патувања кои не се неопходни
-

Обвинителство поведе постапка против лице осомничено дека со камен го скршило стаклото на вратата на бугарската амбасада
-

Судењето за пожарот во „Пулс“ се одлага за 26 јануари по барање на новоизбраната членка на Судскиот совет, која е бранител на еден од обвинетите
-

Грчките земјоделци го затворија на четири часа граничниот премин Евзони за сите возила
-

Германија со поддршка за Данска во спорот со Трамп околу Гренланд
