Венецуела ќе се жали пред СБ на ОН за тајните операции на ЦИА: Вашингтон планира да ја собори владата заради нафтата

Владата на Венецуела изрази голема загриженост поради изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп и најави дека ќе поднесе жалба до Советот за безбедност на Обединетите нации.
„Њујорк тајмс“ беше првиот медиуми што ја објави веста дека САД се подготвени за тајни операции што ќе ги спроведе разузнавачката служба на ЦИА во Венецуела. Многу брзо, овие наводи беа потврдени од самиот американски претседател.
- Давам зелено светло за овие акции, рече Доналд Трамп, кој додаде дека сака да спречи пристигнување на голема количина наркотици од Венецуела во САД, но и дека јужноамериканската земја ослободува голем број затвореници, вклучително и луѓе од институции за ментално здравје, и ги испраќа во САД.
Венецуела објави дека ваквите изјави се кршење на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации и дека подготвуваат жалба.
Венецуела, истовремено, додаде дека сите акции на САД имаат за цел соборување на сегашното раководство на Венецуела со крајна цел одземање на нивните нафтени ресурси.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ ја оспори антимигрантската резолуција на ВМРО-ДПМНЕ пред Уставен - Од ВМРО-ДПМНЕ велат СДСМ се плаши бидејќи лаже за мигрантите
-

Ахмети ќе разреши над 70% од актуелното раководство на ДУИ на утрешниот конгрес?
-

Смарт МК 2030 – амбициозна Стратегија за ИКТ развој на државата
-

Предлози и критики за Стратегијата за образование и наука 2026-2032 ќе може да се испраќаат до крајот на годината
-

Рамстор додели МG автомобил на наградна игра „20 години Рамстор Мол“
-

„Алкалоид“ АД Скопје отвори нова микробиолошка лабораторија за контрола на квалитет
-

Преглед на вестите од светот
-

Висок долг и високи камати - закана за економијата
