Вељаноски треба да ги распише предвремените избори

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска се очекува да ги распише предвремените парламентарни избори на 15 април, врз основа на информацијата што беше лиферувана во јавноста на 7 овој месец по распуштањето на Парламентот.
- Согласно одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија, јас како претседател на Собранието, водејќи се врз основа на уставните рамки за распишување на избори, одлучив Решението за распишување на предвремени парламентарни избори да го потпишам на 15 април, а изборите да се одржат на 5 јуни 2016 година, со единствена цел да се обезбедат услови за фер и демократски избори, наведе Вељаноски во писмената изјава.
Тој тогаш апелираше до институциите и до политичките субјекти, да го дадат својот придонес за предвремените парламентарни избори да поминат во фер и демократска атмосфера и уште еднаш да потврдиме дека ги почитуваме и споделуваме европските вредности.
Собранието на Република Македонија се распушти на 6 април на полноќ согласно одлуката што ја изгласаа пратениците на 23 февруари, со цел одржување предвремени парламентарни избори на 5 јуни.
Ново на Сител
-

Зошто Уставни измени се единствена тема на СДСМ
-

Тема на денот со Александар Саша Димитриевиќ, генерален секретар на СДСМ
-

Прилепската болница набави најсовремен рентген апарат во државното здравство и видео ЕЕГ за деца
-

Преглед на вестите од светот
-

ЕСМ: Обвинителството ги искривило исказите на инженерите
-

Нови обвинувања за уставните измени
-

Владата ги анализира кредитните понуди
-

Измените во собраниска процедура - родителите на насилните ученици ќе плаќаат казни
