-->
-->
Велешани едногласни: Нема отстапување од црвено-жолтата линија
-->

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ седумнаесетта вечер организира мирен протест пред Споменикот на Панко Брашнаров во новиот дел на Велес, а кој како и во изминатите денови продолжи со мирен марш низ главната велешка улица се до центарот на градот, кај двата споменика.
Бројните учесниците- граѓани на Велес со развиорени македонски знамиња и пеење на македонски песни и вечерва мирно и достоинствено ја искажаа својата решеност да истраат во своите напори, за зачувување на унитарноста на Р.Македонија во одбрана на Уставот, името на државата, грбот и знамето.
-Каменот си тежи на местото и оваа граѓанска иницијатива „За заедничка Македонија“ ќе биде македонска платформа и нема отстапување од црвено-жолтата линија и нема откажувања од мирните протести се до исполнување на нашите барања, потенцира во своето обраќање Славчо Радевски, од оваа граѓанска иницијатива.
Своја подршка на мирниот протест вечерва искажаа членовите на Ловното друштво „Руен“, а пред споменикот на Рацин во центарот на Велес се обрати Ване Нанов.
Тој во своето обраќање ги искажа веќе познатите барања како поддршка кон заложбите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СП2026: Инфантино и Трамп ќе го врачат победничкиот пехар
-

Денес нестабилно време со дожд и грмежи
-

Путин побара дополнителни мерки за справување со последиците од украинските напади врз цивилната инфраструктура
-

Чавушоглу: Од Македонија се бараше да го смени името, знамето и сега се бара да прифатат дека не се Македонци
-

На граничните премини нема долги задржувања
-

Денеска е најтоплиот ден во историјата на мерењата во Франција
-

Силно невреме со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија
-

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски се прости од Јовица Илиевски
