„Вечер на руска музика“ во МОБ

Во Македонската опера и балет утревечер ќе се одржи „Вечер на руска музика“. Учесници ќе бидат млади македонски музичари, како и реномираниот ансамбл од Русија „Квинтет на четворица“ со солистката Олга Нефедова. Музичарите ќе исполнат класични дела од руската народна и академска музика.
Ансамблот „Квинтет од Четворица“ е формиран во 2009 година од студенти на факултетот за народни инструменти на Санктпетербуршкиот конзерваториум. Учесниците на овој ансамбл се здружиле со заедничка идеја за враќање на народните инструменти до широкиот круг слушатели, со изведување современа и актуелна музика. Тие свират кросовер, стил кој е популарен во сиот свет, мешајќи го со класични и со современи музички елементи. Ансамблот мошне бргу добил на популарност, од големите концертни сали, па се до клубовите и различните арт-простори.
Музичарите од ансамблот постојано трагаат по својот звук и стил. Досега имале повеќе успешни настапи, во концертната сала на Мариинскиот театар, во Големата и во Малата сала на филхармонијата „Шостакович“, во Петербуршката капела, Театарот на естрадата „Рајкин“, во Академијата „Гнесини“ (Москва), во Центарот за музичка култура „Сергеј Рахманинов“ (Велики Новгород) и други.
Познанството со младата оперска певица, дипломецот на Московскиот конзерваториум Олга Нефедова го инспирирала Ансамблот при создавањето нова програма во која влегуваат романси од најголемите руски композитори Рахманинов, Варламов, Аљабева.
Ново на Сител
-

Војната во Иран може да предизвика прехранбена криза и нови бегалски бранови
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
