-->
-->
Важни информации за вашето здравје - Подобро прочитајте го ова додека не е доцна...
-->

Мирисот, бојата и структурата на восокот во ушите, чија улога е спречување на бактериите и нечистотијата да навлезат предлабоко во ушниот канал, може да ви откријат важни информации за вашето здравје.
Восокот од ушите, односно церуменот, крие важни информации за вашето здравје. Неговата боја, мирис и структура може да укажуваат на четири главни проблеми со здравјето, а еве и кои:
1.Восокот е воденикав со зеленкаста боја
Ако сте се испотиле, воденикавото капење од увото веројатно е резултат на потта која навлегла во увото и се измешала со восокот.
Но, ако не сте се испотиле, а восокот е воденикав и со зеленкаста или темно жолта боја, тоа може да укажува на инфекција.
2.Восокот има силен мирис
Може да станува збор за инфекција на средното уво. Тоа може да предизвика бројни симптоми кои лекарите ги нарекуваат – хроничен отитис медиа.
Еден од симптомите може да биде секрет од увото со непријатен мирис, а доколку се работи за воспалено средно уво, можете да забележите и проблеми со рамнотежата, пот во ушите или да имате чувство дека увото ви е полно или затнато. Ако ги забележите овие симптоми, посетете лекар.
3.Забележувате дека восокот ви истекува од уво
Инфекциите или раничките во тапанската мембрана може да предизвикаат создавање на абнормален раст на кожата, т.н. холестеатом.
Во увото настанува израсток во вид на циста што резултира со пополнување на ушниот канал со дебрис.
Во овој случај наместо незабележителниот исцедок на кој сте навикнале, секретот од увото може да излезе во облик на капење или мали грутчиња. Притисокот и болката во увото се исто така симптоми за холестеатом.
4.Немате восок во увото
Непостоењето на восок во ушите може да биде знак за ретка и недоволно испитана состојба наречена кератитис обтуранс.
При оваа состојба восокот во ушите, наместо постепено да излегува сам по себе, се натрупува во внатрешноста во увото се додека да создаде тврд чеп. Симптомите се болка и чувство дека ушите ви се полни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Законот за високо образование „под лупа“, професорите и студентите со сериозни забелешки
-

Тема на денот со Александар Николовски, поранешен претседател на УСС и Бленди Ходаи, претседател на Форум за образовни промени
-

Обвинтиелството без детали - партиите се обвинуваат меѓу себе
-

Доживотна казна затвор за штипјанецот кој ја уби мајка си
-

Доктори од Словенија: Онколошки пациенти се лекувале со погрешна терапија
-

Речиси 5000 казни за една недела од Сејф сити, најголем број за брзо возење
-

Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници
-

ССМ утре ќе го блокира Собранието, пратениците на работа ќе одат пеш
