Васовски: Целта е добар резултат пред реваншот во Скопје

Македонскиот претставник во УЕФА Конференциската лига Силекс Кратово втора сезона ќе биде дел од ова натпреварување. Нивни ривал во првото квалификациско коло им е Динамо Минск од Белорусија, но поради состојбата во регионот (Украина) оваа екипа домашните натпревари ги игра надвор од својата држава. Натпреварот ќе се игра во Стара Загора во Бугарија.
-Огромно задоволство што втора сезона по ред играме во Конференциска лига. За Динамо Минск имаме респект оваа екипа е прво место во лигата на Белорусија и која зад себе има веќе 15 натпревари, за разлика од нас. Тука сме со единствена цел да имаме добар резултат за реваншот во Скопје. Имаме свои адути, лани го освоивме купот, екипата е карактерна и има дисциплина, знае да игра на резултат така да овие натпревари, резултатот е во прв план и ќе се обидеме да го минеме Динамо Минск. Имаме сериозни заминувања во офанзивниот дел, но новите играчи одлично се вклопуваат и ќе бидат достојна замена и подобри и на дуелот да се покажеме во добро светло, изјави тренерот на Силекс Александар Васовски.
Натпреварот Динамо Минск – Силекс почнува во 19 часот.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата - избрани осум нови министри
-

Николоски и Рокас присуствуваа на промоција на нови возила за Државниот инспекторат за транспорт
-

Расте бројот на странските туристи
-

Катедралата на Кале кај Крупиште целосно откриена
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
-

Тема на денот со Александар Спасеновски, универзитетски професор
-

Поплава во ТППЕ Прилеп
