Василевска: Законот за попис донесен без консензус отвора сомнеж дека се планира да се изведе како политичка операција

Законот за попис во Собранието на Република Македонија беше донесен без потребниот политички консензус и спротивно на сите лажно декларирани заложби од владејачкото мнозинство.
Беше истуркан закон кој што пред се остава тежок сомнеж во општеството дека пописот наместо статистичка се планира да се изведе како политичка операција.
И покрај тоа што беше и се уште е јасно укажувано од ВМРО-ДПМНЕ дека Македонија мора да спроведе попис за да може врз реални податоци да се планираат политиките во државата, власта се одлучи сиот овој процес од креирање на законско решение па и до затворање на пописните резултати да го спроведе сама, без опозицијата.
Морам да се навратам на процесот на креирање на законското решение, кога беа одбиени 40тина амандмани поднесени од опозицијата, зборуваме за суштински амандмани, кои што ќе допринесеа за квалитетни и прецизни дефиниции во законот за попис.
Притоа не можам да го прескокнам главниот момент, а тоа е изостанувањето на методологијата за спроведување на пописот како дел од ова законско решение, момент кој што е присутен во сечие законско решение на државите кои што спроведуваат попис.
Почитувани,
Власта донесе закон за попис кој што создаде недоверба во општеството и ги распали политичките желби и наддавања. Се погласни се реакциите во општеството дека пописната операција ќе биде израз на политички договор наместо на статистичка спроведена операција, а тој момент се темели врз начинот на кој што ќе се води операцијата, без приложени документи, без јасно дефинирање кој ги дава податоците, како и на крајот, врзаниот потпис меѓу двајца именувани функционери од партнерите во власта.
Сето тоа покажува свесност кај власта дека законот е донесен без потребниот консензус, во себе има многу недопречености, а сето тоа гради недоверба во сиот процес, па уште од сега власта се обидува да изгради алиби за евентуален пропаднат пописен процес.
Оттука, Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ јасно стои зад потребата во Македонија да биде спроведен попис, но како статистичка а не политичка операција. Закон за попис донесен без политички консензус, како впрочем и за сите важни прашања во општеството како што се националните интереси, образовните реформи, справувањето со здравствената криза, справувањето со економската криза, судските реформи како за сите други важни прашања.
Евентуалното прекинување, неточни податоци, и за евентуален фалсификат, што би предизвикало понатамошни поделби во општеството, непризнавање на пописните резултати, одговорноста ќе ја сноси единствено Зоран Заев, Бојан Маричиќ пратеничките групи на СДСМ и на ДУИ, како и директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски и неговиот заменик од коалициониот партнер ДУИ, господинот Селами.
Иванка Василевска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: На лице место фатен како создава депонија, за секоја ваква постапка нема толеранција
-

„Октоберфест“ почна со инцидент: Посетители виселе со главите надолу поради дефект на реквизит
-

НАТО: Подготвени сме да одговориме на евентуална руска ескалација
-

Литија во Скопје во пресрет на Рождество на Пресвета Богородица
-

Фицо: Некои на Запад сакаат војна меѓу Русија и НАТО
-

Несреќа во Црна Гора, карпа падна врз автобус полн со деца кои се враќале од екскурзија
-

Москва нападната од десетици украински беспилотни летала, најмалку двајца загината и шест повредени
-

Претпладне променливо облачно, попладне дожд - од понеделник пад на температурите
