Македонија
25. February 2016 - 15:50

Василево ги санира улиците во населените места

Општина Василево почна со санација на улиците во руралните средини. Првата активност за подобрување на патната инфраструктура се одвива во Нова Маала каде што се проширува и рамни улицата што води од излезот на селото кон гробиштата.

- Ваквите зафати на селските улички и патишта кои освен рамнење и проширување најчесто опфаќаат пополнување на дупките, крпење на асфалтот и тампонирање, се вообичаени и неопходни заради подобрување на нивната состојба, информира градоначалникот на Василево, Ванчо Стојанов по посетата на Нова Маала.

Општина Василево интервенира и во другите населени места со што ќе бидат опфатени сите улици кај кои санацијата е неопходна. Активностите се планирани со општинската Програма за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици за годинава, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината. Изведувач на работите е градежната фирма „Џови компани“.