-->
-->
Вардарки апсолутни фаворитки против Хипо
-->

Женскиот ракометен првак на Македонија, ЖРК Вардар попладнево ќе го одигра последниот натпревар од првата групна фаза во Лигата на шампионките.
Вардарки се апсолутни фаворитки во дуелот со виенски Хипо, тим кој сезонава во елитното натпреварување нема освоено бод, односно ги загуби сите пет одиграни натпревари
Дуелот ЖРК Вардар – Хипо ќе се игра во СЦ „Јане Сандански’’ во Скопје, со почеток од 17 часот и 30 минути.
Вториот меч од групата „Ц’’ ќе се игра утре во Данска, каде од 17 часот ќе стартува дуелот меѓу Митјиланд и унгарски Ѓер.
На табелата, водечкиот Ѓер има 8 бодови, два повеќе од Митјиланд и ЖРК Вардар, а Хипо е последен без освоен бод.
Двојки и резултати од останатите групи:
Група А: Крим Меркатор – Ростов Дон 31:36 и Ларвик – Баја Маре (сабота 18.30 часот).
Табела: Ростов Дон 12 бодови, Ларвик 6, Баја Маре 4 и Крим Меркатор.
Група Б: Турингер – Подравка (сабота 14 часот) и Ференцварош - Флеури Лоирет (недела 17 часот).
Табела: Ференцварош 9 бодови, Флеури Лоирет 5, Турингер 3 и Подравка 1.
Група Д: Будуќност – Лубин 29:25 и Букурешт – Савенхоф 27:22.
Табела: Будуќност 11 бодови, Букурешт 9, Савенхоф 4 и Лубин 0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Давидовиќ за Сител: Пронајдените пари се на родителите, а не на Ристов, ќе се жалиме
-

Судскиот совет му го одзема имунитетот на судијата Ристов, Обинителството бара куќен притвор
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Мицкоски на светскиот економски форум во Давос
-

Утре повторно протест пред Усје
-

Обвинетите тврдат, немало план за убиството во Штип
-

Со традиционалното капење во водите на Охридското езеро одбележан Денот на рибарите
-

Трипуновски: Младите да ги искористат поволностите и рентабилноста на тутунопроизводството
