Вардар против Загреб во првиот осминафинален дуел од ЛШ

Македонскиот шампион Вардар вечерва од 20,30 часот гостува на ППД Загреб во првиот дуел од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Двата тима во европските купови се сретнале десет пати. На последните четири натпревари од Лигата на шампионите, „црвено-црните“ запишаа 3 побед. На вкупно четири натпревари, македонскиот тим победувал, а петпати подобар бил тимот од главниот град на Хрватска.
Сергеј Горбок и Владо Недановски нема да бидат достапни за тренерот Роберто Парондо, но во екипата се враќа и Вуко Борозан.
– Секогаш очекуваме нешто ново. Кога е само еден меч, тогаш се фрла се на тој натпревар. Работиме и ние, се подготвуваме, но не е исклучено дека ќе има нешто плус, и од страна на нашиот ривал. Нормално е да има притисок зашто сакаме да играме во четврт-финалето на ЛШ. Сега не смееме да направиме грешка и мораме да бидеме подобри од Загреб, изјави тренерот на Вардар.
Дуелот вечерва помеѓу македонскиот и хрватскиот тим е прогласен за меч на неделата. ППД Загреб на средбата со медиумите се пофали дека интересот е голем за овој натпревар и дека салата е распродадена.
Ново на Сител
-

Кај кавадарчанец пронајдена дрога и пари при претрес на „Тиквешки гроздобер“
-

Полицијата приведе маж од Македонски Брод осомничен дека предизвикал пожар
-

Американските пратеници му презентирале на Путин нови идеи за прекин на војната во Украина
-

Не стивнуваат пожарите во Албанија, вчера регистрирани 21, активни 11 пожари
-

Од 15 до 30 минути се чека на Богородица за излез од земјава
-

Новиот изглед на Трамп предизвика реакции на социјалните мрежи
-

ЦУК: Активни се пет пожари во неколку општини
-

Сончево и топло со температури од 30 до 37 степени
