Вардар 1961 против Еурофарм Пелистер ќе ја брани титулата во ракометниот Куп
Ракометарите на Вардар 1961 се пласираа во финалето на македонскиот Куп, откако вчера во вториот полуфинален дуел на фајнлфорот во Охрид беа поуспешни од Алкалоид со 31-22 (14-9).
Вардар 1961 ќе ја брани титулата во реприза од ланското финале во кое „црвено – црните“ го совладаа Еурофарм Пелистер во Кавадарци со 23-22.
Најефикасен вечерва во редовите на Вардар 1961 беше Дејан Манасков со 12 голови, додека голманот Мартин Томовски запиша 17 одбрани.
Во првото полуфинале од денешната програма, Еурофарм Пелистер рутински го совлада Тинекс Пролет со 28-21.
Финалниот натпревар ќе се одигра в сабота од 18:00 часот во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид.
Освојувачот на двојната круна од минатата сезона Вардар 1961 е најуспешна екипа во историјата на македонскиот машки ракометен Куп со 15 титули.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
