Валс: Европа не може да го прими секој бегалец

Францускиот премиер Мануел Валс предупреди дека Европа нема да може да го прими секој бегалец од војните во Блискиот Исток, при тоа изразувајќи несогласување со позицијата на германската канцеларка Ангела Меркел.
- Во спротивен случај општествата ќе ни бидат целосно дестабилизирани, истакна Валс во денешното интервју за Би-Би-Си.
Тој посочи дека Европа под итно треба да преземе мерки за воспоставување на контрола на внатрешните граници.
- Ако Европа не е во состоба да ги заштити сопствените граници, самата европска идеја ќе се доведе под прашање, посочи Валс, кој учествува на Светскиот економски форум во Давос.
Францускиот премиер изрази и несогласување со ставот на Меркел, која тврди дека приемот на бегалци е хуманитарен императив.
- Изјавата „Дојдете ќе ве примиме“ води до масовни преселби. Германија се соочува со голем предизвик. Но, првата порака, што треба да ја испратам сега, со најголема цврстина, е дека нема нема да ги примиме сите бегалци во Европа, наведе Валс.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
