Валандово доби Дневен центар за деца со пречки во развојот

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалникот на општина Вaландово, Николчо Чурлиновски го отворија првиот Дневен центар за деца со пречки во развојот во Валандово.
„Министерството за труд и социјална политика во соработка со Општина Валандово изнајде средства со инвестиција од 1.500.000 денари да го отвориме овој дневен центар. Од сега па натаму децата со пречки во развојот ќе имаат постојана грижа, ќе имаат можност да напредуваат и развијат своите способности. Ќе имаат поддршка од дефектолог и од стручните лица од Центарот за социјални работи од Валандово, поддршка за напредок и развивање за нивна социјализација и дружење во рамки на овој дневен центар”рече Спасов.
Целите на Министертсвото за труд и социјална политика, како што изјави Спасов, се континуирано да се развива мрежата на Дневни центри за деца и лица со пречки во развојот се со цел во секоја општина во Република Македонија да се создадат еднакви можности за сите за згрижување на најранливата категорија на деца, децата со пречки во развојот.
“Би сакал да му честитам на градоначалникот за неговата поддршка и разбирање и општината да се вклучи со финансиски средства за опремување на објектот за со заедничка инвестиција на Министерството за труд и социјална политика и општината да го отвориме овој Дневен центар” истакна Спасов и посочи дека министерството и понатаму ќе продолжи со континуирана грижа за оваа категорија на граѓани, со континуирано зголемување и подобрување на услугите кои ги нудат центрите за социјална работа така и со реализација на паричните помошти насочени за оваа категорија на лица.“
Градоначалникот Чурлиновски истакна дека капацитетот на дневниот центар е за 20 деца иако засега има околу 10 деца кои ќе го посетуваат, при што се заблагодари и на министерот за труд и социјална политика и на Владата на Република Македонија за отворање на дневниот центар.
Ново на Сител
-

Завршија општите претреси на предлог-законите од 106. седница, гласањето ќе биде дополнително закажано
-

Сончево и топло, до 38 степени
-

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило
-

„Мерцедес“ ги крати трошоците поради неконкурентност, „Фолксваген“ пред затворање фабрики и укинување 100.000 работни места
-

Два активни пожари на отворен простор во Василево и Прилеп, пет изгаснати
-

Трамп: Иранските напади со дронови врз бродови во Ормуз е кршење на прекинот на огнот
-

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит
-

Еден час пауза во Собранието - заврши општиот претрес на измените на Законот за основно образование
