Вакцина против Ковид-19 вчера примиле 12.099 граѓани
На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 776 659 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.969 граѓани, а вкупно се вакцинирале 12 099 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.474.507 дози вакцини, а ревакцинирани се 697 847 граѓани, соопшти Министерството за здравство.
Оттаму оценуваат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.
– Со последните бројки 55 проценти од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31 посто од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, наведуваат од Министерството.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.
Вакцините, посочуваат од Министерството, се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата.
– Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Преглед на вестите од светот
-

Без поместување на позициите заврши првата официјална средба Муцунски - Петрова Чамова
-

Фицо го одби предлогот на Мерц за полесно проширување на ЕУ
-

Антикорупциска откри незаконски вработувања и исплати во ТЕЦ Неготино
-

Градоначалникот на Скопје не отстапува со ограда да го затвори преминот на Бит Пазар – Граѓаните бараат семафор
