Ужас: Куче искасапи дете, и ја одгризал устата и забите, а газдата побегнал со него

-Врз мојата ќеркичка (9) скокна куче јапонска акита и ја фати за усните. И направи ужасни повреди и и ги искрши забите. Таа е оперирана во детската болница и сега се наоѓа на домашно лекување, раскажува Видо Раѓеновиќ од Нови Сад.
Тој вели дека нападот се случил во неделата околу 18 часот во новосадската населба Детелинар каде има игралиште за деца, теретана и ограден простор за сето тоа.
-Ќеркичјата со другарка се шеташе на игралиштето за деца. Сопственикот на кучето седеше и со една рака куцаше на мобилен, а со другата го држеше кучето кое беше без корпа на јажето. Тоа наеднаш скокна и ми го фати детето за ста. Крв шикна, а тој како што велат сведоци, го погледнал кучето и му рекол: „Види што направи“ не обидувајќи се да му помогне на моето дете, раскажува Раѓеновиќ.
Веднаш дотрчаа родителите кои беа со деца, а тој стана и си отиде со кучето.
-Луѓето му викаа: „Застани, каде бегаш“, а тој почна да трча со кучето. Се обидоа да го фотографираа, но со оглед дека трчаше, фотографијата е многу лоша, вели вознемирениот татко, додавајќи дека за случајот го известил соседот.
Кога стигнал, се шокирал од глетката/
-Ќерката крвава плаче...Ужас! Итната помош не однесе во болница, каде веднаш беше оперирана, наведува тој.
Како што вели, сопственикот на кучето се уште не е пронајден. Во цел Нови Сад мал е бројот на кучиња од таа раса, со оглед на тоа што е познато какви се мажјаците од таа раса. Граѓаните кои се присутни велат дека момчето има 20-ина години, и дека е висок од 175 до 180 см и слаб, а кучето е со бело-златна боја.
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
