Утрово најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
Утрово најстудено било на Попова Шапка каде се измерени -5 степени Целзиусови, Лазарополе со -4 и Берово со измерени -3 степени.
Најтопло било во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Штип, Гевгелија, Демир Капија, со измерени 3 степени, и Дојран со измерени 4 степени Целзиусови.
Висината на снежната покривка во седум часот изнесувала 37 сантиметри на Попова Шапка, 15 Лазарополе, 12 Пожаране, 7 Маврови Анови и 4 сантиметри во Крушево.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Во утринските часови во западните делови врнежите ќе преминуваат во снег и во некои пониски места. Попладне во југоисточните делови врнежите ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 8 степени.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: БРТ ќе почне да се гради идната година, до крајот на мандатот ќе биде функционален
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Бајрами со лисици во Кривичен – не чувствува вина за случајот „Лотарија“
-

Нов случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров
-

СДСМ го обвинува Мицкоски за изолација, Владата бара предвидливост на процесот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите кои сега се соработници на криминалот и корупцијата
-

Левица против скратување на боледувањата
