Уставен суд: Не престанува функцијата на уставен судија по основ на старосна пензија

Функцијата уставен судија не престанува по основ на остварување старосна пензија, изјави денеска портпаролката на Уставниот суд Христина Беловска.
-Во врска со информациите доставени до Собранието дека судијката на Уставниот суд Добрила Кацарска исполнила услови за старосна пензија во јуни 2022 година, Уставниот суд на работен состанок одржан денеска со единствена точка на дневен ред, едногласно го донесе следниот заклучок - согласно членот 51 од Уставот, секој е должен да го почитува Уставот и законите. Членот 109 изменет со амандманот 15, јасно и прецизно ја уредува постапката и надлежните органи за предлагање и избор на судиите на Уставниот суд, рече Беловска.
Истакна дека согласно членот 111 од Уставот, јасно се определени условите за престанок на функцијата на уставен судија и оттука станува јасно дека единствен надлежен орган да одлучува за престанок на судија на Уставен суд е самиот Уставен суд.
-Секое преземање на било какво дејствие од било кој државен орган, надвор од уставно предвидените одредби во членот 111, претставува грубо кршење на Уставот и упад во независноста и самостојноста на Уставниот суд. Судот потенцира дека во 60-годишното постоење, не постои случај да престане функцијата на уставен судија по основ на остварување на старосна пензија, нагласи Беловска.
Дел од медиумите неодамна објавија дека Судскиот совет испратил известување до претседателот на Собранието, дека судијката на Уставниот суд, Добрила Кацарска ги исполнила условите за остварување на старосна пензија со што го губи статусот на активен судија, што е услов еден судија да може да биде избран за член на Уставниот суд. Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски минатата недела изјави дека основите за престанок на функција на уставен судија ги уредува Уставот и оти не може да се прави поистоветување меѓу членство во Судски совет и членство во Уставен суд.
Ново на Сител
-

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворен простор, активен е пожарот кај Белица во Македонски Брод
-

Мицкоски: Можеме да прифатиме и гласање преку пошта, наша цел е да обезбедиме побројно гласање на дијаспората
-

Ангелов: Изби пожар во борова шума над филтер станицата во Штип, на терен интервенираат пожарникари и доброволци
-

Мицкоски: Со трговците ќе разговараме директно, без естрада, за зголемените маржи
-

Нова метода за прецизна дијагностика на срцеви заболувања - првпат извршена во Македонија
-

Кривична против 74-годишен маж кој нападна 10-годишно девојче во Центар
-

Приведен скопјанец по кражба на паричник од 72-годишна жена
-

Лабораториски потврдени два случаи на Западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести
