Успешните луѓе не се плашат да кажат: Мислам, ми треба помош и згрешив

Советите на успешните луѓе се секогаш добре дојдени.
Но, едно британско истражување покажа дека лицата кои постигнале голем успеси во животот, никогаш не се плашат да изговорат три реченици.
1. Јас мислам
Во прашање е реченица со која се покажува дека со главата не сте кимнале само послушно, туку се трудите да размислите за проблемите и да пронајдете решение.
Според истражувањето, работодавачите обожуваат луѓе со визии и само такви можат да успеат на долгорочен план.
Исто така, за оние кои не се плашат да кажат гласно тоа што го мислат, работодавачите имаат позитивно мислење само доколку кажаното е логично и примерено, а не само колку да се каже нешто.
2. Ми треба помош
Никој не знае се, но може да се насочи, па не се двоумете да побарате помош. Апсолутно нема место за непријатност, затоа што станува збор за сосема нормална работа.
Ќе научите нешто ново и ќе покажете нешто ново на претпоставените дека сте подготвени да слушате, што е секако голема предност за тимска работа.
3. Згрешив
Да се признае грешка наместо вината да ја префрлите на други е голема човечка доблест како во приватниот живот, така и на работа.
Можеби таквото признание нема да го олесни чувството на вина, но со тоа секако ќе здобиете почитување од колегите, затоа што ќе покажете дека сте свесни за своите одговорности.
Ново на Сител
-

Јован Костадинов меѓу добитниците на наградата „Младинска храброст 2026“
-

Клековски: Се подготвуваме да потпишеме меморандум со СБ и ЕИБ и финансирањето на инвестициите во болниците во Штип, Тетово и Кичево
-

Ангелов: Не палете оган на отворено, доволна е една искра за катастрофа
-

MHERO пристигнува во Македонија: Сила создадена без компромис
-

Автомобил излетал од патот во Ресен - две жени се тешко повредени
-

Негователка во градинка во Хром физички нападнала дете
-

Вештачење: Реконструкцијата во „Пулс“ била изведена нелегално, објектот според површината никогаш не можел да биде кабаре
-

ЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола а три изгаснати
