Уште пет лица ослободени од грабнатиот авион на „Иџиптер“ во Ларнака

Уште најмалку пет лица се ослободени од авионот на „Иџиптер“, што утринава беше грабнат на линијата Александрија-Каиро и приземјен на аеродромот во Ларнака, на Кипар, јави Танјуг.
Пет лица, кои носеле униформи, се симнале од леталото, јавија кипарските медиуми од аеродромот во Ларнака.
Претходно денеска сите патници на грабнтиот авион беа ослободени додека во него останаа членовите на екипажот и четворица странци, соопшти авиокомпанијата „Иџиптер“, а медиумите наведоа дека патниците се ослободени по преговорите меѓу кипарските власти и грабнувачот.
Во авионот биле 55 патници и седум членови на екипажот, пренесоа медиумите, наведувајќи дека има сомнеж дека во авионот е поставена бомба.
Аеродромот во Александрија, од каде авионот полета, денеска соопшти дека во авионот имало 30 Египтѓани, осум Американци, четворица британски државјани, двајца Белгијанци, четворица Холанѓани и еден италијански државјанин.
Египетските државни медиуми тврдат дека авионот е грабнат од египетскиот државјанин Ибрахим Самаха, на возраст од 27 или 28 години, а неговите мотиви засега се нејасни. Тој е вработен како професор по ветеринарна медицина на Универзитетот во Александрија.
Египетскиот амбасадор Мустафа Бакри на Твитер објави дека Самаха бара „политички азил“, пренесува британскиот весник „Индипендент“.
И египетското државно радио потврди дека грабнувачот побарал азил на Кипар, пренесуваат француските медиуми.
Кипарските медиуми тврдат и дека на Кипар живеела поранешната сопруга на киднаперот, но додека „Сајпрус мејл“ јавува дека тој побарал да разговара со неа, американската агенција „Блумберг“ тврди дека побарал да и се предаде негово писмо. Ваквите медиумски наводи, се уште, не се и официјално потврдени.
Во меѓувреме, Кипар го затвори за сообраќај аеродромот во Ларнака, јавија француските меидуми.
Киднаперот, наводно, на себе имал наредено појас со експлозив. „Гардијан“ цитира неименуван функционер од кипарското Министерство за надворешни работи кој изјавил: Тој не е терорист, тој е идиот. Друг функционер од кипарската Влада изјави : По се изгледа киднаперот е вљубен.
Ново на Сител
-

Песков: Преговорите со Украина во моментот се на пауза
-

Хуманитарна помош од два милиона евра од ЕУ за Непал
-

Нов рекорд за меѓународниот аеродром во Тирана, над 60.000 патници за еден ден
-

Неготинец пријавил измама од 280.000 денари
-

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски
-

МНР: Две малолетни и едно полнолетно лице загинаа во сообраќајна несреќа во Словенија
-

MHERO официјално пристигна во Македонија: Oдржана премиерата на моќниот MHERO II 817
-

Во поплавите во Непал 475 жртви, 2.381 лице се водат како исчезнати од кои 644 се странци
