УПОЗ го прифати владиниот предлог - административците ќе добијат повисоки плати за 40%
Владата понуди – УПОЗ прифати. Предлогот на премиерот Мицкоски за зголемување на платите на административците, Синдикатот ќе го потпише. Во него се предвидува во следните 2 години , околу 7,800 вработени во правосудството и управата да добијат 40 процентно зголемување.
За повисок минималец во приватниот сектор, Мицкоски остава Синдикатот и работодавачите да најдат решение.
„Како најголем работодавач, нашите односи со работниците се веќе регулирани. Останува уште оној мал дел од околу 7.700 до 7.800 административни службеници. Понудата е на маса и, доколку синдикатите се согласат, подготвени сме да ја прифатиме уште утре. Понуадта е ставена на маса, било каде да се одржи тој состанок. Нека се одважи УПОЗ , ние сме подготвени, изјави Христијан Мицкоски, премиер.
Вработените во правосудството и управата земаа најниски плати од државните институции. Во просек околу 28 000 денари., вели Деаноски. Сега конечно ќе дојде до зголемување на нивните плати, а местото каде ќе се потпише, е најмалку важно.
-За УПОЗ е прифатлив ваквиот предлог. .Понеделник, вторник, среда, кога му одговара на премиерот, министрите, да се дојде, да се потпишат овие колективни договори, да ја завршиме оваа голгота, бидејќи админситративците и врабтените во правосудството земаа најниски плати во јавната администација, изјави Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ.
Опозицијата пак смета дека платите треба да се зголемат сега, а не за две години. Затоа ја повикаа власта да го изглааа законот кој го доставија до Собранието за зголемување на минималецот на 600 евра.
-Сегашното ниво од 400 евра минималната плата не обезбедува доволно заштита на животниот стандард и не ја следи реалната структура на трошоците на едно просечно домаќинство.
Работниците буквално се борат за парче леб и не може да чекаат до 2028 година.
Македонија денес има најниска минимална плата во регионот и во Европа.
Зголемување на минималецот за 12,000 денари и на сите останати плати за 6,000 денари е барањето на Синдникатот. Ако не се прифати,. од следната недела највија блокади и протести. Први ќе бидат пратениците од законодавниот дом.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
